Ајакс немаше милост и победи 50:1 !

Ајакс е познат како клуб кој има една од најдобрите фудбалски школи во светот. Дека и сега холандскиот гигант има многу талентирани деца, потврдува и неверојатниот резултат во младинската школа за играчи до 12 години.

На последниот меч кој го одиграа децата на Ајакс против врсниците од МВВ, резултатот беше 50:1. Едноставно младите фудбалери на Ајакс немаа милост кон своите врсници.

Пред помалку од еден месец, на еден друг натпревар на деца, резултатот беше 26:0, а тренерот на победничката екипа доби отказ поради не покажување на фер плеј кон противникот. Ако за 26:0 тренерот на победниците доби отказ, што треба да добие тренерот на Ајакс бидејќи неговиот тим победи со 50:1?

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести