Ајакс потроши 11 милиони евра за четворицата, а ги продаде речиси за 250 милиони евра

Дони ван де Бек е следниот од низата ѕвезди кои го напуштаат Ајакс и ќе направи голем трансфер. Холандскиот играч за врска наскоро ќе се биде претставен како нов член на Манчестер јунајтед за сума од 45 милиони евра. Детето на Копјаниците ја полни клупската каса, како што тоа претходно го сторија Френки де Јонг, Матајс де Лихт и Хаким Зијех.

Овие четворица фудбалери кои ја пишуваа бајката во ланското издание на Лигата на шампионите, му донесоа на Ајакс речиси 250 милиони евра, а за нив беа потрошени 11 милиони евра и ЕДНО ЕВРО.

Ван де Бек и Де Лихт потекнуваат од фамозната школа на холандскиот првак, што значи дека за нив клубот не потроши ниту цент, а стоперот лани летото потпиша за Јувентус за 75 милиони евра.

Пред тоа Ајакс го продаде Де Јонг во Барселона за 86 милиони евра, додека неговиот ангажман како младинец на Вилем 2 чинеше буквално едно евро. Зијех е купен од Твенте за 11 милиони евра, а во Челзи се пресели за сума од 40 милиони евра.

Четворицата му донесоа на Ајакс точно 246 милиони евра, што само потврдува дека оперативците Едвин ван дер Сар и Марк Овермарс беспрекорно си ја вршат работата.

- Оглас -

Најнови вести