Ајакс со летната распродажба инкасира над 200 милиони евра

По фантастичната сезона која Ајакс ја остави зад себе, јасно беше дека клучните играчи ќе бараат нов предизвик. Де Лихт и Де Јонг си ги остварија соништата потпишувајќи за Јувентус, односно Барселона, а меѓу главните адути кои летово си заминаа е и Шене, кој сега е член на италијанската Џенова. Сега Копјаниците се ослободуваат од играч кој не беше во прв план минатата сезона кај тренерот Тен Хаг, а ќе им донесе солидна заработка.

Станува збор за младиот напаѓач Каспер Долберг, кој за 20 милиони евра ќе го засили тимот на Ница. Откако францускиот прволигаш ќе го потврди ангажманот, Ајакс уште еднаш ќе се преброи колку вкупно заработи ова лето. А, крајната пресметка ќе им покаже повеќе од 200 милиони евра.

Данецот ќе биде осми играч кој ќе ја напушти „Јохан Кројф арената“, со што би се затворил „дуќанот“ на клубот.

Матајс де Лихт, Јувентус – 85,5 милиони евра

Френки де Јонг, Барселона – 75 милиони евра

Максимилијан Вебер, Севилја – 10,5 милиони евра

Дејли Синкгравен, Баер Леверкузен – 5 милиони евра

Расмус Кристенсен, РБ Салцбург – 5 милиони евра

Ласе Шене, Џенова – 1,5 милиони евра

Вацлав Серни, Утрехт – 750 илјади евра

За сите играчи коишто заминаа доведени се замени, а потрошени се само 57 милиони евра, што е реткост за Ајакс толку многу да вложува во играчи. На крајот, холандскиот првак ја добива највисоката оценка.

- Оглас -

Најнови вести