Ајакс во тотална офанзива против Хетафе

Гент – Рома (фудбал, Лига на Европа, 18.55 часот)

Римјаните дома славеа со 1-0, па ако постигнат гол и во Белгија, ќе бидат блиску до пласман во осминафиналето бидејќи тешко дека може да примат три. Гент дома има пет победи и една нерешена во ЛЕ, а Рома загуби само на едно гостување. Рома има многу повредени играчи, но така беше и пред првиот меч кој го доби Волчицата.

Предлог тип: 2-3 гола (2.04)

 

Порто – Баер Леверкузен (фудбал, Лига на Европа, 18.55 часот)

Германците во Португалија бранат предност од 2-1. Ова е дуел на тимовите кои имаат висок пласман во домашните првенства – Порто се бори за титула, Аспирините за излез во Европа. Порто на „Драгао“ е речиси несовладлив, но Баер знае да биде и незгоден. Баер никогаш не гостувал во Порто, статистиката најавува дека мали се шансите да биде нерешено, па поради домашниот терен, сметаме дека е поблиску единицата отколку двојката.

Предлог тип: 1 (2.18)

 

Ајакс – Хетафе (фудбал, Лига на Европа, 21.00 часот)

Хетафе приреди изненадување со триумфот од 2-0 против Ајакс во Мадрид, а овој тим е одличен и во шпанската лига. Најголем проблем за нив е што немаат големо искуство во еврокуповите, а и според имињата, Копјаниците се посилни. Треба да се очекува офанзива на домашните од прва минута и гол во мрежата на гостите уште во првото полувреме, иако во нивниот состав ќе недостасува клучниот играч Хаким Зијех. Хетафе покажал дека знае да се брани, но нема да им биде лесно да ја одржат предноста од првиот дуел.

Предлог тип: Т1 1+ пол. (1.80)

 

Арсенал – Олимпијакос (фудбал, Лига на Европа, 21.00 часот)

Тука не би требало да има дилеми околу патникот во следната фаза бидејќи Арсенал победи како гостин со 1-0, а познато е дека Топчиите дома се далеку поопасни и само ако го потценат противникот, може да си имаат мака. Арсенал има три победи по ред во сите натпреварувања, нема зошто да не врзе и четири. Олимпијакос е лидер во грчкото првенство и фокусот им е кон титулата дома, во Европа немаат големи амбиции.

Предлог тип: 3+ (1.75)

 

Манчестер јунајтед – Бриж (фудбал, Лига на Европа, 21.00 часот)

Црвените ѓаволи одиграа 1-1 во Белгија, резултат кој не гарантира дека ќе одат понатаму, па ќе мора да се потрудат на домашен терен со поддршка од публиката да победат и да го продолжат учеството во ЛЕ. Манчестер е фаворит на хартија и веруваме дека ќе ја оправда улогата. Бриж нема пораз од 11 јануари наваму, тогаш беше поразен од Ајакс, но и Јунајтед е во добра форма и повеќе од еден месец не знае за пораз.

Предлог тип: 1 (1.47)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Порто – Баер Леверкузен 1+I& 3+ (1.90)

Арсенал – Олимпијакос T1 1+I & T1 2+ (2.05)

Манчестер јунајтед – Клуб Бриж 1Х & 3-5 (2.60)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести