Ајакс за една година направи неверојатен профит од продажба на играчи

Челзи го официјализираше трансферот на Мароканецот Хаким Зијех од Ајакс, а договорот ќе стапи на сила од 1 јули, додека Зијех ќе продолжи да игра за амстердамскиот клуб до крајот на сезонава.

Со заминувањето на 26-годишното крилен играч, кој е роден во Холандија, Ајакс од продажба на играчи само во последната година заработи околу 220 милиони евра. Најскапи трансфери направија Френки де Јонг во Барселона и Матајс де Лихт во Јувентус за 75 милиони евра, а кај Де Јонг има и 11 милиони бонуси. Зијех со 40 милиони го има третиот премин по вредност, а Каспер Долберг во Ница замина за 20 милиони.

Веројатно следна ѕвезда на Ајакс која ќе замине е Дони ван де Бек, за кого се зборува дека е договорен со Реал Мадрид, па касата на Ајакс уште повеќе ќе се наполни.

- Оглас -

Најнови вести