„Ајфонот 12“ е на дофат, почнува типувањето за новото коло на Спортска прогноза

Новото, 15-то коло од четвртата сезона на Спортска прогноза е тука и од денеска до сабота може бесплатно да типувате и да чекате некоја добивка.

Викендов беше рекордно успешен за играчите на Спортска прогноза, имаше шест 12-ки, и тоа треба да биде мотивација плус за сите прогнозери коишто веруваат дека може да ги погодат исходите на сите 13 меча за да ја добијат премиата, „ајфон 12“. За 12 погодоци се добива ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а за 11-ка следува ваучер од 500 денари.

Основната понуда, популарната Тринаесетка ја сочинуваат шест саботни и седум неделни натпревари. Топ-5 лигите во Европа се омилената територија за прогнозерите и до сабота во 15.30 часоти се очекува голем број играчи со СЛ картички да се приклучат со свои типови.

Во фокусот се дуелите меѓу Јувентус и Аталанта, Вилјареал против Барселона, како и Лајпциг против Баер Леверкузен. Меѓу двете резерви, тука е дерби-пресметката на Челзи и Манчестер јунајтед.

Учеството во секое коло е пожелно затоа што за Генерален пласман се бројат и резервните парови, па на крајот на сезоната ќе има вредни награди за најдобрите петмина прогнозери во четвртиот циклус на Спортска прогноза.

- Оглас -

Најнови вести