Ајкулите од Сан Хозе го „проголтаа“ Калгари

Сан Хозе шаркс ја оствари четвртата последователна победа во изминатиов период откако славеше со убедливи 5-2 на тешкото гостување кај Калгари флејмс. Дербито во Западната конференција ѝ припадна на третопласираната екипа, додека лидерот го претрпе вториот пораз во последните пет средби во НХЛ-лигата.

Калгари во воведните минути од мечот поведе преку Јанковски, но „ајкулите“ одговорија со три брзи гола и ја презедоа контролата на резултатот по првиот период. Домаќините во остатокот од средбата ја погодија мрежата само еднаш, додека Кејн и Хертл по вторпат се запишаа во листата на стрелците и ја потврдија убедливата победа на Сан Хозе.

https://www.youtube.com/watch?v=fY4vgX1hmss

Резултати НХЛ:

Калгари флејмс – Сан Хозе шаркс 2-5

Бафало сејберс – Каролина хурикејнс 5-6 (по продолжение)

Флорида пантерс – Питсбург пингвинс 3-2 (по продолжение)

Њу Џерси девилс – Њујорк ајлендерс 1-1 (0-1 на пенали)

Филаделфија флаерс – ЛА кингс 2-2 (2-3 на пенали)

Вашингтон капитолс – Колорадо аваланш 4-3 (по продолжение)

Детроит ред вингс – Вегас голден најтс 3-4

Монтреал канадиенс – Винипег џетс 5-2

Отава сенаторс – Анахејм дакс 4-0

Тампа беј лајтнинг – Сент Луис блус 0-1 (по продолжение)

Минесота вајлд – Едмонтон ојлерс 1-4

Нешвил предаторс – Далас старс 3-2 (по продолжение)

Чикаго блекхокс – Ванкувер канукс 4-3 (по продолжение)

Аризона којотс – Колумбус блу џекетс 2-4

- Оглас -

Најнови вести