Велемајстори за трансфери од Франкфурт – Бесплатно го вратија играчот што го купија за 8,5 милиони евра и го продадоа за 73 милиони евра

Велемајсторски одигра службата за скаутинг на Ајнтрахт Франкфурт и целото раководство на популарните Орли во случајот со српскиот репрезентативец Лука Јовиќ, кој повторно е нивен член, сега како позајмен играч од Реал Мадрид.

Ајнтрахт има право на откуп на договорот на Јовиќ со Реал Мадрид откако во 2019 година му го продадоа својот најдобар стрелец на Кралскиот клуб за сума од 73 милиони евра.

Што е најдобро во целата приказна, Ајнтрахт го купи Јовиќ од Бенфика, користејќи ја клаузулата за откуп на договорот само за 8,5 милиони евра. Тоа се случи во 2019 година, откако српскиот репрезентативец играше две сезони како позајмен фудбалер од Бенфика во Ајнтрахт.

Истата година му го продадоа на Реал Мадрид за сума од 60 милиони евра, или заедно со предвидените бонуси за вкупна сума од 73 милиони евра.

Сега Јовиќ повторно е позајмен фудбалер, од Реал Мадрид во Ајнтрахт, и германскиот клуб има можност да го откупи неговиот договор според потпишаните клаузули за позајмица со Кралскиот клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести