Ајнтрахт го фати последниот воз за осминафинале во Европа Лигата (Видео)

Ајнтрахт Франкфурт е последниот патник во осминафиналето во Европа Лигата по ремито во реваншот со Салцбург, 2:2.

Мечот се играше денеска со еден ден задоцнување поради невремето во Салцбург, а Германците без проблем ја задржаа предноста од 4:1 од првиот меч.

Салцбург се обиде да ја анулира големата негатива од три гола, двапати водеше со головите на Улмер и на Онгуене, но Ајнтрахт израмнуваше со погодоците на Андре Силва.

https://www.youtube.com/watch?v=u6JBtlpjtwc

Првиот меч од осминафиналето ќе се игра во Франкфурт на 12. март, а реваншот е на 19. истиот месец.

- Оглас -

Најнови вести