Се чекаше 37-мата минута од првото полувреме за сефте погодок меѓу Реал Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт на овогодишниот Суперкуп на УЕФА. Алаба им донесе предност на Кралевите од 1-0 на Олимпискиот стадион во Хелсинки.
Претходно двете екипи имаа барем по една сигурна шанса да го отворат резултатот. Бундеслигашот на двапати го тестираше Тибо Куртоа со сериозни удари кон неговиот гол, но белгискиот голман засега е на висина на задачата.
На другата страна, Винисиус се најде во зицер ситуација, по што одбранбениот играч на Ајнтрахт реагираше да спречи погодок пред самата гол-линија. Бразилецот имаше уште една шанса по која Трап одлично интервенираше, а токму во следниот напад Кралевите стигнаа до водство преку австрискиот стопер.
Бензема и Каземиро се обидуваа да ја зголемат предноста на 2-0 и да го доближат Реал до петта титула во ова натпреварување.