Македонските селекции имаа триумфален старт со убедливи победи на Светското ракометно првенство во училиштен ракомет кое се одржува во Скопје.
Машките ја совладаа Бугарија со 33-18, а женската селекција на Македонија беше многу подобра од Белгија со 34-12.

Ако денот се познава по утрото, Македонија ќе се бори за медали на ова првенство на кое нашата држава првпат е организатор.
По првото полувреме нашите момчиња водеа со 11-9, а во вториот дел разликата во квалитет дојде до израз, па на крајот победата беше со двоцифрена разлика. Инаку се играа две полувремиња по 25 минути.

Утре Македонија игра со Грузија и во машка и во женска конкуренција.
Девојките денеска беа многу подобри од Белгија и доминираа во сите 50 минути, па конечните 34-12 се одраз на доминацијата.


