Борусија ќе го прегрми Минхен и големото дерби за титулата

Херта – Фортуна Диселдорф (Сабота, 15.30 часот)

И двете екипи се уште имаат шанси за пробив до позициите кои водат во Европа Лигата, иако заостануваат зад конкурентите. Херта има 3 порази по ред и не верувам дека ќе си дозволи нов луксуз да загуби од Фортуна на домашен терен. Гостите пливаат во мирни води и приредија голем подвиг во вториот дел од сезоната со бегство од долниот дел на табелата.

И што е најинтересно имаат серија од 4 победи по ред против Херта, но денеска очекувам прекин на две серии и триумф на тимот од Берлин.

Предлог тип: 1&3+ (2.90)

 

Баер Леверкузен – Лајпциг (Сабота, 15.30 часот)

Лајпциг е на прагот на ново учество во Лигата на шампионите, има солидни пет бода залиха во однос на Борусија Менхенгладбах, а Баер се бори за место кое води во Европа Лигата.

Гостите ја имаат убедливо најдобрата одбрана во Бундеслигата, примија само 20 голови, што е клуч на успехот. Имаат брилијантна серија од 11 меча без пораз и ако успеат да останат непоразени на „Бај арена“ ќе бидат многу блиску до втор настап во ЛШ.

Баер има одличен напад, кој може да му создаде многу проблеми на Лајпциг и очекувам меч без многу калкулации и со голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.77)

 

Шалке 04 – Ајнтрахт Франкфурт (Сабота, 15.30 часот)

Шалке 04 успеа со победата против Хановер да ја прекине серијата порази и малку да здивне во битката за опстанок. Тие се најголемото разочарување сезонава во Германија. Играа во осминафиналето на Лигата на шампионите, а се во опасност дури и да испаднат од Бундеслигата.

И сега се пред нови маки, бидејќи на гости им доаѓа екипата што е хит сезонава. Ајнтрахт е сопственик на најдолгата серија победи во моментов, ги има пет по ред и според мене е фаворит и за шести успех во низа. Играат атрактивно, имаат млад и полетен тим со извонредни индивидуалци и не респектираат никого.

Проблем за гостите е што веројатно нема да играат Халер и Гачиновиќ, но многупати сезонава покажаа дека можат да се надигруваат со секоја екипа во Германија. И знаат и како се победува на „Ауф Шалке“ арената, каде имаат две победи на последните три гостувања.

Предлог тип: Т2 2+ (2.12)

 

Штутгарт – Нирнберг (Сабота, 15.30 часот)

Ова е голема шанса за Штутгарт да го испрати Нирнберг во Втората лига, а и да остане во трка за опстанок во Бундеслигата. Меч со исклучително значење за двете екипи и веројатно последен воз за гостите. Да не заборавиме дека 16-то место гарантира бараж со третопласираната екипа од Цвајта за место меѓу прволигашите и идната сезона.

Нирнберг мора да атакува на бодовите, ова му е последен воз за опстанок, или повеќе за бараж. Тоа ќе биде шанса за Штутгарт да го искористи императивот кај гостите. Очекувам победа на домашната екипа, но за посигурно ќе типувам дека Штутгарт ќе постигне најмалку два гола.

Предлог тип: Т1 2+ (1.83)

 

Баерн – Борусија Дортмунд (Сабота, 18.30 часот)

Тука би типувал дека ќе нема победник. Ова е дербито на сезоната и може да го одлучи и новиот шампион, но од неутрален аспект верувам дека двете екипи ќе играат малку попретпазливо.

Според мене Баерн има поквалитетен состав, иако не игра во очекуваното издание сезонава. Борусија ќе гледа да не загуби за да остане во позиција да ја прекине 6-годишната доминација на Баварците, кои ја очекуваат седмата титула по ред.

Иако нема реми на последните пет меѓусебни првенствени дуели, ќе типувам „икс“ на денешната голема пресметка од 28.коло во Бундеслигата.

Предлог тип: Х (4.50)

 

 

- Оглас -

Најнови вести