Ајон ја има магијата на Јокиќ (Видео)

Густаво Ајон беше најдобар додавач во тимот на Зенит Санкт Петербург, иако е центар, а неколкупати блесна и потсети на Никола Јокиќ и неговите прекрасни асистенции во НБА-лигата.

Ајон има 208 сантиметри и одличен инстинкт за добра асистенција, што не е баш типично за високите играчи. Постигна 9 поени и имаше четири асистенции, но неговиот Зенит го загуби руското дерби со Химки, екипа за која Букер и Швед искомбинираа 39 поени.

Химки славеше со 87:73, а овде можете да ги погледнете двете одлични додавања на Ајон.

 

- Оглас -

Најнови вести