Академија Пандев со пресврт ја совлада Шкендија, Шкупи не го дава првото место

Академина Пандев со пресврт „два во еден“ славеше со 2-1 против Шкендија во најинтересниот меч од 10-тото коло во Првата македонска фудбалска лига. Тетовци поведоа со гол на Дориев кој во кариерата има дадено повеќе голови за А. Пандев отколку за Шкендија, но Мирчевски со два гола им донесе три бода на пандевци кои сега се трети на табелата.

Прв е Шкупи кој победи во Кавадарци со првиот гол на репрезентативецот на Руанда, Абдул Руатубјаје. Штипјани беа убедливи против Лавовите од Ѓорче Петров, а Борец со играч помалку даде гол и се спаси од пораз во Струга.

РЕЗУЛТАТИ: Академија Пандев – Шкендија 2-1, Брегалница – Македонија Ѓорче Петров 4-1, Ренова – Пелистер 2-0, Струга Трим Лум – Борец 1-1, Тиквеш – Шкупи 0-1. Вчера: Работнички – Скопје 0-1.

- Оглас -

Најнови вести