Ако Алкарас го освои Ролан Гарос, Ѓоковиќ в понеделник ќе падне на третото место на АТП-листата

Тенискиот мегадуел „Синкарас“ помеѓу двајцата веројатно најдобри тенисери на светот во моментов, Јаник Синер и Карлос Алкарас, е полуфиналето за кое зборуваат сите на Ролан Гарос и со голем интерес се чека овој италијанско-шпански дуел.

Досега Синер и Алкарас се сретнале 8 пати и билансот е 4-4. Но, на земјена подлога играле само еднаш, во 2022 година и победил Синер, кој од понеделник ќе го преземе првото место на АТП-листата, прескокнувајќи го Новак Ѓоковиќ. Србинот може да падне и на третата позиција, а тоа е можно ако Алкарас го освои Ролан Гарос. Така, Шпанецот би се искачил на втора позиција.

Инаку, годинава за првпат по 2004 година ќе се случи во финалето на Ролан Гарос да не се појави ниту еден од најголемото трио во историјата Федерер-Надал-Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести