Репрезентацијата на Албанија загуби во Тирана со 0:1 од Израел во контролен меч на две селекции кои нема да бидат дел од Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Единствениот гол доволен за победа, гостите го постигнаа во 73 минута кога прецизен беше играчот за врсак на Ајакс, Оскар Глук.
Овој дуел го одбележа бојкотот на навивачите на Албанија. Огромен број од албанските фанови воопшто не се согласуваа со одлуката нивната селекција да одигра меч против Израел и тоа поради агресијата која оваа земја ја прави врз појасот Газа и Палестинците.
Токму затоа не беше изненадувачки тоа што голем дел од трибините на „Ер Албанија“ стадионот во Тирана останаа празни. Едноставно навивачите на Албанија воопшто не сакаа овој дуел да се игра. На трибините имаше околу 6.500 гледачи, а капацитетот на стадионот е околу 22.500 гледачи.


