Италија едвај го победи Луксембург, Холандија дома загуби, а Данска одигра реми со селекција која ќе игра на СП 2026

Трето Светско првенство во низа ќе биде без репрезентацијата на Италија. Четирикратниот планетарен шампион сега игра контролни дуели колку да се одржи ритамот во термините на ФИФА наменети за националните селекции.

Италија вечерва на гости кај Луксембург победи минимално со 1:0. Напаѓачот на Интер, Франческо Еспозито, беше стрелец на единствениот гол, и тоа во 49-тата минута. Едноставно, Аѕурите, кои се на 12-тата позиција на ФИФА-листата, не беше доминантна против ривалот кој е на 98-мото место на ФИФА-листата.

Данска, која не успеа да биде дел од СП 2026, на неутрален терен одигра без голови против ДР Конго, кој се подготвува за Мундијалот.

Холандија, која најавува дека на СП 2026 ќе атакува на светската круна, на свој терен загуби од Алжир со 0:1 и тоа со гол примен во 86-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести