Ако барате Покемони, ќе ги најдете на грбот на Кирјос (Видео)

Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос, направи нов потег со кој ги шокира тениските фанови, го истетовира целиот грб со ликови од популарна анимирана серија.

Кирјос, кој очигледно е фан на серијата Покемон, на својот профил на Инстаграм, објави фотографија од најновата тетоважа, на неговиот грб се наоѓаат девет ликови од јапонската анимирана серија.

На грбот на 193 сантиметри високиот Кирјос се наоѓаат ликови како што се Бластоис, Драгонит, Снорлакс, Алаказам, Чаризард, Лапрас, Мевтво и Генгар. Дури пет мајстори за тетовирање на работе на тетоважата на Кирјос и ја завршија за само пет часа.

„Покемон банда до крајот на животот. Морав да направам нешто лудо“, напиша Кирјос на Инстаграм.

Тој никогаш не криел дека е голем фан на Покемон. Додека ја играше интерактивната игра „Покемон Гоу“ на мобилен телен, редовно објавуваше постови на Твитер.

„Покемон Гоу“ е интерактивна игра која на играчите им овозможува даа пронајдат карактери од серијата така што ќе ги сликаат во природа, а ги пронаоѓаа користејќи го Џи-пи-ес системот на мобилните телефони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести