Играчите на Сандерленд ја демонстрираа целата убавина на фудбалската игра на средбата против Ридинг.
Во мечот на некогашните Премиерлигаши, гостите славеа со 3:0, а третиот гол кој беше на Џек Кларк во 69-та минута ја потврдува тезата дека едноставниот фудбал е најубав и најкорисен.
Самиот гол и не беше спектакуларен, но акцијата којашто ја демонстрираа неговите соиграчи вреди да се погледне и тоа неколку пати.