Ако дадам гол со кој ќе се пласираме во финале, ќе прославиме со гушкање

Екипите на Риека и Осиек вечерва од 20.15 часот го играат полуфиналето на Купот на Хрватска, и победникот добива премија пласман во финалето во кое ќе биде ривал на Локомотива Загреб.

Мирко Мариќ кој е водечки стрелец во лигата, а го носи дресот на Осиек, најавува дека ако победат, емоциите ќе бидат толку силни, што ќе заборават на препораката за забранат за прегрнување при прослава после постигнат гол. Осиек одамна не бил толку блиску до освојувње на трофеј, а и нема да им биде лесно да слават како гости кај еден од најдобрите хрватски тимови.

„Не размислувам како би прославил гол или голови, но едно знам, како може да не се прегрнеш со соиграчите после гол кој ќе значи влез во финале на Куп? Во тој налет на емоции и веселба, едноставно невозможно е да не се слави“ – вели Мариќ.

- Оглас -

Најнови вести