Ако денот се познава по утрото, Брентфорд нема да испадне од Премиерлигата

Брентфорд како гостин го победи Вулверхемптон со 2-0, и дојде до својата втора победа сезонава во Премиерлигата. После пет кола во елитното англиско друштво, новиот премиерлигаш има 8 бода, а традицијата вели дека секогаш кога еден новак собирал барем 8 бода во воведните пет рунди, успевал на крајот да избори опстанок.

Пред Брентфорд, последен штотуку влезен тим од Чемпионшип во Премиерлигата кој имаше 8 или повеќе бодови после првите пет кола, беше токму Вулверхемптон, во сезоната 2018/2019.

Најзаслужен за денешната победа беше Иван Тони. Голот што го даде беше од пенал, и Тони сега има 10 гола од 10 изведени пенали во дресот на Пчелите. Потоа Тони имаше и асистенција за 2-0, а му беше поништен и едн гол.

- Оглас -

Најнови вести