По последниот пораз на Милан од Ливерпул во Лигата на шампионите, се засилуваат шпекулациите дека клубот ќе го смени тренерот Пауло Фонсека, и тоа само по неколку месеци на функцијата.
Медиумите веќе пишуваат за можните кандидати за негов наследник. Според информации на „Скај Германија“, Златан Ибрахимовиќ започнал потрага по нов тренер, а еден од главните кандидати е Един Терзиќ, поранешниот тренер на Борусија Дортмунд.
Дербито против Интер претстојниот викенд ќе биде клучно за Фонсека. „Скај Германија“ тврди дека Ибрахимовиќ и Терзиќ се веќе во контакт, што го прави поранешниот тренер на Борусија најсериозен кандидат за негов наследник.
Терзиќ беше кандидат и за нов тренер на Рома, но Волчицата се одлучи да го именува Иван Јуриќ за наследник на Даниеле де Роси.