Ако играат Динамо и Ѕвезда, за кого би навивал, за Просинечки тоа е најтешко прашање

Легендата на Црвена ѕвезда и на хрватскиот фудбал, Роберт Просинечки, даде интервју во кое едно од прашањата кои му ги поставија беше за кого би навивал ако еден против друг играат Динамо Загреб и Црвена ѕвезда.

Во 1987 година Роби токму од Динамо премина во Ѕвезда и со српскиот тим стана европски првак, а во финишот на кариерата играше за Динамо, кој тогаш се викаше Кроација.

„Мојот покоен татко се врати од Германија за неговиот син да игра за Динамо. Сплетот на околности доведе до тоа син му да не игра во Динамо, туку за Ѕвезда. Најдобро е да не играат Динамо против Црвена ѕвезда“, одговори Просинечки.

- Оглас -

Најнови вести