Ако играме пред празни трибини, ќе се слуша како ги пцуеме судиите

Себастијан Коатес искрено си кажа што ќе се случува доколку сезоната во португалската Примера продолжи да се игра без присуство на навивачи. Соиграчот на Ристовски во Спортинг посочи дека во текот на преносот ќе се слуша како играчите ги пцујат судиите.

„Првпат во кариерата ќе играм пред празни трибини, претпоставувам дека ќе ми биде незгодно. Околу теренот има поставени микрофони кои сè снимаат доколку нема атмосфера во стадионот. Јасно и гласно ќе се слуша како ги пцуеме судиите и се расправаме со нив“, вели Коатес.

Рестартирањето на сезоната во португалскиот шампионат е предвидено за 3 јуни, стартувајќи од 25-тото коло.

- Оглас -

Најнови вести