Ако Италија влезе во финалето на Лигата на нациите, ќе продолжи една интересна традиција

Старите познаници и спортски ривали, Шпанија и Италија, вечерва на стадионот на Твенте во холандскиот град Енсхеде ќе водат фудбалска битка за влез во финалето на УЕФА Лигата на нации.

Интересно е дека досега ниту еден национален тим не успеал двапати да игра финале во ова натпреварување, па Шпанците имаат прилика да станат први на кои тоа им тргнало од рака. Во 2019 година финалисти беа Португалија и Холандија, во 2021 во финалето се сретнаа Франција и Шпанија, а сега прв финалист е Хрватска и ако вечер слави Италија, Аѕурите ќе бидат шестиот различен национален тим кој дошол до финалето.

Шпанија и Италија последен пат се сретнаа во полуфиналето на Лигата на нациите во 2021 година, тогаш победи Црвената фурија, со што на Италијанците им беше прекината низата од 37 меча по ред без пораз.

- Оглас -

Најнови вести