Ако ја одбере калифорниската галаксија, Модриќ ќе биде најплатен во МЛС лигата

Лука Модриќ ја игра својата последна сезона од договорот со Реал Мадрид, па иако сè уште е клучен играч на Зинедин Зидан, најавите се дека управата нема да му го продолжи договорот. Така, освојувачот на Златната топка за 2018 година на 35 години може да го смени континентот и да заигра во МЛС лигата.

Лос Анџелес галакси силно загриза за потписот на Модриќ, ветувајќи му дека ќе биде најплатен играч во американскиот шампионат, ако прифати половина од сумата која ја заработува меѓу Кралевите.

Годишната плата на Модриќ во Реал е 20 милиони евра, Галакси му нуди 10 милиони евра по сезона за да биде новата ѕвезда на клубот, по Дејвид Бекам, Стивен Џерард и Златан Ибрахимовиќ.

Инаку, засега највисоко платен фудбалер во МЛС лигата е Гонзало Игуаин од Интер Мајами со 8.8 милиони долари годишно.

- Оглас -

Најнови вести