Ако ја совладаме Грузија, се знае во која група и во кои градови ќе игра Македонија на ЕП

Поразот на Романија од Исланд значеше дека Букурешт се ослободува како град домаќин на ЕП во кој нема да игра домашната селекција и со тоа ја отвори вратата за Македонија да биде дел од групата Ц на претстојното Евро следната година.

Ако Македонија на 12 ноември ја победи Грузија, ќе игра на ЕП против Холандија, Украина и Австрија. Во првото коло би играле со Австрија во Букурешт на 13 јуни 2021, потоа четири дена подоцна повторно во Букурешт против Украина и на крај следува пресметка со Холандија на 21 јуни, и тоа на нивната арена „Јохан Кројф“ во Амстердам.

Доколку Романците се пласираа на ЕП, тогаш тие ќе играа во оваа група, а Македонија или Грузија ќе одеа на мегдан со гигантите Германија, Франција и Португалија во најсилната група на ЕП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести