Ако Јуве не го сака Кјелини, има еден гигант кој со задоволство би го прибрал кај себе

Џорџо Кјелини, дефанзивецот и капитен на италијанската репрезентација, би можело да ја „закрпи“ одбраната на Реал Мадрид, најавуваат италијански медиуми. Кралскиот клуб летово се раздели со Серхио Рамос, а Рафаел Варан е пред трансфер во Манчестер јунајтед, па привлекувањето на искусниот Кјелини, кој би дошол бесплатно, би било идеално.

Според телевизијата „Раи“, новиот тренер на Реал, Карло Анчелоти, веќе разговарал со шефовите околу ангажманот на 36-годишниот Кјелини.

Во моментов Кјелини е без клуб, договорот со Јувентус му истече. Старата дама има намера да го задржи својот капитен, но според агентот на Кјелини, до моментов никој од Јуве не му се јавил на Џорџо за да му понуди договор.

- Оглас -

Најнови вести