Социјалните мрежи „вријат“: Мбапе си замина, па ПСЖ освои два трофеи од ЛШ, а тој – ништо!

ПСЖ и втора година по ред го освои трофејот од Лигата на шампионите, а тоа го направи без голема ѕвезда во составот. Во редовите на „светците“ играа ѕвезди како Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, но никогаш не го освоија најпосакуваниот трофеј.

Последниот кој си замина беше Килијан Мбапе, и тоа како слободен фудбалер во Реал Мадрид, а „светците“ по неговото заминување, под водство на Луис Енрике освоија два трофеи од Лигата на шампионите.

Сеирот на сметка на Французинот на социјалните мрежи го достигна максимумот, откако не само што не успеа да освои Лига на шампионит со „кралевите“, туку и втора сезона по ред останаа без трофеј. Мбапе откако пристигна во Реал Мадрид освои само по еден трофеј од европскиот Супер куп и од Интерконтиненталниот куп, но тие трофеи се „заслуга“ на составот кој доминираше во сезоната 2023/24.

 

- Оглас -

Најнови вести