Ако Мбапе премине во Реал, Нејмар останува во ПСЖ

Нејмар не би имал проблем да остане во Пари Сен Жермен доколку Килијан Мбапе си замине во Реал Мадрид. Таткото на Нејмар изјави дека почнале разговори за продолжување на договорот со ПСЖ, и тоа случајно или не, во истиот ден кога „Франс фудбал“ објави дека Реал би платил 280 милиони долари за младиот Французин кој во моментов го засенува Бразилецот и важи за прва ѕвезда во парискиот тим.

„Шансите на син ми да си замине од ПСЖ не се многу големи. За него постојано има шпекулации во овие десет години, а тој направи само два трансфери во кариерата. Нејмар има договор уште три години, а веќе почнавме преговори за продолжување“, вели таткото на Нејмар.

Нејмар е на рехабилитација и на теренот ќе се врати во втората половина на април. Но, тој во моментов не е главна ѕвезда на тимот, туку Килијан Мбапе. Реал по секоја цена сака да го купи Мбапе, а тоа ќе помогне и Нејмар да остане во ПСЖ, каде што би имал статус на прва ѕвезда.

Според „Франс фудбал“, целата операција околу преминот на Мбапе во Реал може да чини неверојатни 280 милиони евра. Мбапе побара плата од 15 милиони годишно. По двете големи разочарувања во Лигата на шампионите, летово можеби ќе биде полесно да го убедат Мбапе да си замине од париските „светци“. Реал има катастрофална сезона и во реновирањето на тимот, еден од столбовите треба да биде Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести