Ако Меси играше за Реал, првак на Шпанија ќе беше Атлетико!

Доколку сезонава Лионел Меси го носеше дресот на Реал Мадрид, „кралскиот клуб“ не би добил премногу, но Барселона би била голем губитник, па шампионската титула во Ла Лига ќе ја освоеше Атлетико Мадрид. Ова го покажува симулацијата на најпознатиот фудбалски симулатор, ФИФА 19.

Реал има очајно лоша сезона, многумина го обвинуваат претседателот Флорентино Перес, па затоа беше направена пресметка какви ќе беа резултатите доколку по заминувањето на Кристијано Ронадо, Реал го купеше Лионел Меси од Барселона.

Симулацијата покажа дека голем губитник ќе беше Барселона, која ќе беше дури четврта на табелата, со пет бода помалку од Атлетико, кој би бил првак. Реал со Меси би го освоил второто место, со три бода помалку од градскиот ривал. Ова е голема разлика во однос на реалната состојба.

Кога Меси би играл за Реал сезонава, ќе имаше дадено 20 гола, далеку помалку од оние 32 кои вистински ги има досега за Барса. И во меѓусебните дуели, Меси не би му помогнал премногу на Реал против Барса. На „Камп Ноу“ би било 1-1, а на „Сантијаго Бернабеу“, каталонците би триумфирале со 2-0.

- Оглас -

Најнови вести