Ако Меси не даде гол, Атлетико има шанса, а Симеоне бил и исклучуван (Видео)

Победа на Атлетико ќе ја симне Барселона од првото место на табелата во шпанскиот шампионат, а и со реми Барса можеби веќе нема да биде прва, но ќе остане пред „јорганџиите“.

Пред неполни две недели, Јан Облак доби награда за голман со најмалку примени голови во Ла Лига, а Лионел Меси за прв стрелец во минатата сезона, па вечерва фановите сакаат да видат кој од нив двајца позадоволен ќе си замине дома.

Меси против Атлетико има дадено 28 гола (трипати има хет-трик, последен пат во 2011/2012), а на Облак му дал 11, од кои седум во првенството. Но, има податок дека кога Меси не давал гол, Атлетико не ги губел тие мечеви. И Меси има еден личен мотив. Ако победи, ќе се изедначи со легендата Раул Гонсалес како играчи кои најмногу славеле против Атлетико (Раул има 17 победи над Атлетик).

Проблем за Атлетико се повредите на дефанзивците, во аут е Годин, можеби уште некој од оние со статус неизвесни. Кај Барса сигурно ќе го нема Ракитиќ, можеби нема да игра и Кутињо.

Традицијата го фаворизира гостинот, Барса од февруари 2010 не загубила од Атлетико во лига, но од друга страна ги мотивира Гризман и Диего Кошта да дадат максимум и да го разбијат малерот. Барса прима многу повеќе голови отколку лани.

Тренерот Диего Симеоне не знае за победа над Барса на новиот стадион „Ванда Метрополитано“, а и на „Висенте Калдерон“ немаше многу среќа во лигашките мечеви, додека оние во Лига на шампиони беа поинаква приказна и таму Атлетико го победуваше ривалот од Каталонија.

Како играч, Симеоне има добиено црвен картон против Барселона, за фаул над Фиго:

 

- Оглас -

Најнови вести