Ако Меси се врати во Барселона, тоа може да биде грешка како камбекот на Роналдо во Манчестер

Некогашниот фудбалер на Ливерпул и легенда на шкотскиот фудбал, Стив Никол, го советува Лионел Меси да не се враќа во Барселона следната сезона, затоа што може да му се случи да си го уништи своето фудбалско наследство, како што тоа се случува во моментов со Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед.

„Се обидувам да разберам зошто преселбата на Роналдо во Јунајтед е неуспешна, и не можам да најдам објаснување. Затоа мислам дека за Меси е подобро да не се врати во Барселона. Треба да ги остави работите во Шпанија такви какви што беа, а не да се врати таму и да ги расипе. Според мене, Роналдо си го расипа наследството кое го имаше во Манчестер. Факт е дека е резерва и од клупа ги гледа мечевите. Луѓето ќе го паметат ова, а не тоа што се случуваше во минатото“ – изјави Никол.

Што се однесува до Меси, постојат три варијанти каде тој ќе ја продолжи кариерата откако на крајот на јуни 2023 ќе му истече договорот со ПСЖ. Една опција е да го продолжи договорот и да остане во Париз, другата е да се врати во Барселона, а третата е да направи трансфер во Интер од Мајами и да заигра во МЛС лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести