Ако не се засили, на Работнички не му бега борба за опстанок, можеби и испаѓање!

Најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија, Работнички, ги има едни од најкризните моменти во својата историја, а тоа го покажуваат резултатите на машкиот тим, како и исклучувањето на женскиот состав од првата лига.

Работнички вечерва загуби од Ангели со 64-73, што за Ангелите е втора победа сезонава. На клупата на Работнички дебитираше новиот тренер Игор Михајловски, но со играчкиот кадар што го има, без странци, Црвено-белите најверојатно ќе бидат немоќни на секој прволигашки меч. Во минатото коло загубија од Феникс со 51 поени разлика, а сега загубија и од „фенерџијата“.

Ако не се засили, Работнички дефинитивно нема да биде во Суперлигата меѓу шесте најдобри, туку ќе се бори за опстанок, а и во Купот ќе бидат епизодисти.

Добра вест за нив е што во моментов имаат солидна залиха од пет победи плус во однос на загрозените Ангели и МЗТ Уни банка, но ако 15-кратниот првак ги загуби сите мечеви до крајот на сезонава, можно е да му се случи голем срам и испаѓање од елитата.

- Оглас -

Најнови вести