Ако некој „крал“ биде исклучен во Абу Даби, нема да игра со Ајакс

Измените во правилата на Светското клупско првенство предвидуваат казни за фудбалерите во други меѓународни натпреварувања, доколку тука бидат санкционирани.

Со други зборови, во Реал Мадрид биле информирани дека доколку некој играч биде исклучен во евентуалното финале во Абу Даби, тој играч нема да има право на настап на наредниот интернационален натпревар, во случајов првиот со Ајакс од осминафиналето од Лигата на шампионите.

Во минатата сезона, последниот меч во календарската година за Реал беше против Барселона, а со оглед на тоа дека имаше еден исклучен фудбалер на Светското, тој не можеше да настапо на Ел Класико. Сега санкцијата ќе се пренесе само на меѓународен меч кој го организира УЕФА.

Инструкторот на ФИФА, поранешниот колумбиски судија Оскар Руис, им ги претставил на луѓето од Реал и другите новости. Ако се прави замена, играчот не мора да оди да се поздрави со тој што влегува на негово место, туку може и да го напушти теренот на најблиската аут-линија до која се наоѓа во моментот.

Реал в среда го игра полуфиналето на Светското клупско првенство против азискиот првак Кашима од Јапонија и ако нема изненадувања, во финалето треба да се сретне со Ривер плејт.

- Оглас -

Најнови вести