Ако некој знае да погоди нов тренер среде сезона, тоа е Челзи!

Раководството на Челзи по трет пат се покажува како суперуспешно при ангажирањето тренер со кого треба да ја завршат сезоната откако го разрешиле стручњакот со кого ја почнале. Томас Тухел кога седна на клупата на местото на Френк Лампард, никој не можеше ни да помисли дека Сините ќе стигнат до финале на Лигата на шампионите, но Германецот ја прероди екипата.

Интересно е дека во сите три сезони во кои Челзи стигнал до финале на ЛШ, тимот на тоа големо финале го водел тренер кој не ја почнал сезоната на клупата на Сините, туку дошол сред сезона. Така е сега со Тухел, така беше во 2007 година, кога го избркаа Жозе Мурињо, па играа финале со Аврам Грант, а така беше и во 2012 година, кога во финалето ги водеше Роберт ди Матео, кој го наследи Андре Вилаш Боаш, кој ги водеше само до два месеци пред финалето.

Со Грант загубија финале на пенали од Манчестер јунајтед, со Ди Матео победија на пенали против Баерн. И Грант и Ди Матео не останаа долго по финалињата. Грант доби отказ само три дена подоцна, а Ди Матео си замина по неколку месеци. Тухел треба да го знае ова.

- Оглас -

Најнови вести