Лазаров го одреди составот за мечот со Словаците, Македонија е фаворит (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија е на чекор до уште еден пласман на големо натпреварување, а вечерва во Прешов (19 часот) го игра првиот дел од решавачкиот бараж двомеч против Словачка.

Селекторот Кирил Лазаров го скрати списокот и одреди 16 ракометари за овој натпревар, што значи дека четворица ќе останат надвор од составот и ќе го следат дуелот од трибините.

Меѓу играчите кои засега остануваат во резерва за реваншот во Скопје се голманот на Вардар, Васил Гогов, како и тројца ракометари од Алкалоид, Мартин Ивановски, Филип Николов и Марко Стојковиќ.

Пресметката во Словачка започнува во 19 часот, додека реваншот во Скопје се игра за три дена, кога ќе биде познат и конечниот исход од овој важен бараж дуел.

Според квотите, Македонија е сериозен фаворит за триумф и на овој прв натпревар.

- Оглас -

Најнови вести