Ако одиграме како што знаеме, Украинците нема на што да се надеваат

Дејан Манасков и Гоце Георгиевски се двајцата играчи кои треба да ја имаат главната улога во контра нападите на Македонија. Тоа се двете крила кои зад себе имаат голем број на мечеви на големи натпреварувања и знаат како да се носат со притисокот, посебно кога сме во улога на фаворити.

„Можам да кажам дека сме фаворити, но Украина не е наивна селекција. Со самиот пласман на ЕП покажаа дека се квалитетни. Сепак, ако на терен го испочитуваме договореното, не треба да имаме проблеми. Нашето искуство треба да е наша предност, но првенство е не се знае, може една топка да решава. Треба да бидеме максимално сконцентрирани и секоја шанса да ја искористиме“, рече Георгиевски на неколку часа пред мечот.

И Манасков е со слично размислување како популарниот „Џомба“.

„Сите противници во групата ни се познати. Одиме меч по меч. Квалитетот е на наша страна, имаме играчи кои одиграле многу повеќе вакви значајни натпреварувања. Треба да ја играме нашата игра. Украинците се високи, тешки, знаат да шутнат од далечина и затоа мора да бидеме внимателни. Ако го дадеме максимумот би требало да дојдеме до првите два бода“, анализира Манасков.

 

- Оглас -

Најнови вести