Ако остане без Мбапе, ПСЖ ќе тргне по Кристијано Роналдо!

Доколку се оствари трансферот на Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен во Реал Мадрид, тоа може да предизвика домино-ефект во кој ќе биде вклучен и Јувентус, но и некои други клубови. Италијанските медиуми најавуваат дека ако остане без Мбапе, ПСЖ ќе се обиде да го ангажира Кристијано Роналдо.

Шпекулациите се дека Јувентус не би останал со празни раце по евентуалното заминување на Португалецот, туку би го земал Мауро Икарди од ПСЖ и би останал Пауло Дибала, а Алваро Мората би се вратил во Атлетико Мадрид. Сепак, за сето ова се прашува и Роналдо кој во моментов не сака да си оди од Јувентус, но најави дека по завршувањето на сезонава, ќе разговара со раководството на Старата дама и тогаш ќе се решава иднината на најголемата ѕвезда на Јуве.

На Икарди стара желба му е да заигра за Јуве, а неговата ситуација во ПСЖ не е идеална. Аргентинецот го нема на листата на играчи за денешниот меч со Стразбур. ПСЖ го купи Икарди за 50 милиони, и со задоволство би го искористиле за да дојдат до Роналдо. И да остане Мбапе во Париз до крајот на својот договор во летот 2022, веројатно Икарди си заминува.

- Оглас -

Најнови вести