Ако остане Меси, ќе го моли и Суарес да остане, а со Барса тренира и Кутињо

Евентуалното останување на Лионел Меси во Барселона може да значи и блокирање на трансферот на Луис Суарес во Јувентус.

Иако се говори дека Уругвецот ќе се пресели во Јуве и дека не е отиден во Торино поради тоа што чека продолжување на важноста на пасошот, Меси и Суарес постојано се заедно, тие се најдобри пријатели и можеби ќе се договорат да останат, иако до пред некое време, по состанокот со тренерот Куман, беше „сигурно“ дека Суарес ќе треба да си оди.

Ако Меси и Суарес останат во Барса, а не си заминат ни Гриезман и Кутињо, на повидок е ситуација дека нема да има никаква чистка каква што се најавуваше. Бразилецот Кутињо засега тренира со Каталонците, па и тој чека разврска околу случајот Меси. Засега од Барса си заминаа само Артур и Ракитиќ, а се зборува дека и Видал е пред трансфер во Интер. Тоа е далеку од најавите дека на трансфер-пазарот ќе се најдат сите што имаат над 30 години.

- Оглас -

Најнови вести