Ако овој прототип биде новиот дрес на Јувентус, навивачите може да бидат среќни (фото)

Јувентус пред почетокот на оваа сезона изненади со изборот да направи драстични промени на домашниот дрес. Поточно, италијанскиот првак прифати да ризикува со она што го понуди „Адидас“, па црните ленти ги заменија со половична делба на дресот на бела и црна боја.

Тоа предизивика бура од реакции на навивачите, а повеќето од нив не беа задоволни со униформата на нитниот омилен тим. Причина за тоа е што не сакаа да го менуваат традиционалниот изглед на клубот, односно она што всушност го претставува Јувентус.

Но, незадоволството на навивачите може брзо да исчезне доколку прототипот кој се појави на социјалните мрежи се оствари. Најавено е дека за идната сезона Јувентус ќе ги врати црните ленти кои вертикално ќе ја сечат белата површина.

- Оглас -

Најнови вести