Вистински потрес се подготвува во соблекувалната на Реал Мадрид. Како што пишуваат дел од шпанските извори, дел од највлијателните фудбалери на Кралскиот клуб наводно побарале од раководството уште ова лето да ја разгледа продажбата на Федерико Валверде, еден од најважните играчи во последните сезони.
Иако Уругваецот со години важеше за миленик на навивачите поради борбеноста, енергијата и лојалноста кон клубот, се чини дека атмосферата во соблекувалната се променила по турбулентната сезона и бројните разочарувања. Наводно постојат тензии меѓу некои од ѕвездите на тимот, а Валверде се нашол во центарот на приказната која ги шокира навивачите на Реал.
Посебно е интересно што досега тој се сметаше за „недопирлив“ играч, лидер на идната генерација заедно со помладите ѕвезди на тимот. Сепак, сè почесто се споменува дека голема понуда од Саудиска Арабија или од Англија би можела да биде доволна за Флорентино Перес да го продаде.
Засега нема официјална потврда од клубот, но овие информации предизвикаа огромен бран реакции меѓу навивачите.
Ова доаѓа само ден по поразот на Реал од 2-0 против Барселона, со што клубот остана без титула.
Валверде беше вмешан во инцидент на тренинг, кога имал физичка пресметка со Орелиен Чуамени, по што заврши и со повреда на главата.
Ситуацијата укажува дека во шпанскиот гигант не функционира сè како што треба и дека ќе бидат потребни големи промени во летниот период.
Во меѓувреме, навивачите бараат и заминување на Килијан Мбапе, додека како потенцијален нов тренер сè почесто се споменува Жозе Мурињо, кој е многу блиску до враќање во клубот.

