Матис Тел од херој до трагичар, само реми за Тотенхем против Лидс (Видео)

Тотенхем и Лидс jунајтед одиграа 1-1 во натпревар од 36-тото коло на Премиер лига, во дуел кој донесе многу возбудувања во Лондон.


Во центарот на вниманието беше напаѓачот на домаќините Матис Тел, кој најпрво постигна прекрасен гол, но потоа направи клучна грешка и направи пенал, со што практично го поништи сопствениот придонес.


Тотенхем поведе во 50-тата минута, кога Тел со прецизен удар од работ на шеснаесетникот погоди во спротивниот агол и донесе водство.


Сепак, радоста не траеше долго. Неколку минути подоцна, Тел невнимателно стартуваше во својот шеснаесетник и го собори капитенот на Лидс, Итан Ампаду, по што беше досуден пенал. Од белата точка сигурен беше Доминик Калверт-Луин, кој израмни на 1-1.


Во финишот, и покрај продолжение од 15 минути, Тотенхем не успеа да создаде сериозен притисок за победа. Напротив, Лидс беше поблиску до триумф кога Шон Лонгстаф шутираше во судиското продолжение, но Кински со фантастична интервенција ја исфрли топката кон гредата и спаси бод за домаќините.


Со овој резултат, Тотенхем останува во неизвесна борба за опстанок, додека Лидс ја продолжува својата серија без пораз.

- Оглас -

Најнови вести