Ако Перес го доведе Мурињо за тренер, Рамос си оди

Реал Мадрид имаше очајни две недели во кои беше елиминиран од Лигата на шампиони и Купот на Шпанија, а ги загуби и шансите за борба за титулата во Примера дивисион. Кралскиот клуб денеска гостува кај Валјадолид, но тоа ќе биде меч во кои ќе треба да се врати самодовербата, а не и нешто повеќе.

Веќе на големо се шпекулира дека тренерот Сантијаго Силари ќе добие отказ, а на негово место ќе биде назначен Жозе Мурињо. Токму оваа вест е причина за нови турбуленции на „Сантијаго Бернабеу“. Шпекулациите велат дека доколку Мурињо се врати во Мадрид, од тимот ќе си замине капитенот Серхио Рамос.

Кога Мурињо беше на чело на Реал во периодот од 2010 до 2013 година, Рамос беше во „опозиција“ против тренерот, па сигурно нема да сака повторно да го гледа Португалецот како го води тренингот и ги крои тактиките.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести