Во Неготино одигран тикет кој донесе добивка над 11.500 евра, одличен ќар и во Гевгелија (Фото)

Понеделнички перфектен тикет беше уплатен во Неготино, каде што еден обложувач во Sport Life направи тикет кој на крајот беше добитен на 718.148 денари. До оваа спектакуларна добивка е дојдено само со шест погодени погодени натпревари, а на тикетот се вложени само 500 денари.

Тактиката на секој меч е иста, а тоа е да има два погодоци во првото полувреме на екипата која е обележана. Трелеборг на свој терен убедливо со 5:1 славеше над Торнс, а домаќините на полувремето водеа со 3:1, што беше повеќе од доволно да се погоди Т1 2+I.

Во данското првенство, Митјиланд и Виборг одиграа возбудлив меч кој заврши 3:3, а на полувреме беше 2:2. На тикетот се бараше домашниот тим да постигне барем два гола, а вториот погодок на Митјиланд беше постигнат во 45+2 минута.

Црвена ѕвезда со 2:1 победи на гости кај Чукарички, а двата погодоци на српскиот првак беа постигнати во 27-мата и во 32-рата минута, што беше доволно за 2+ погодоци за Црвено-белите.

Ѓургарден немаше милост и со 6:0 славеше над Гетеборг, а на полувреме беше 3:0. Во Унгарија, Вашаш со 3:2 славеше на свој терен против Будафоки, а на полувремето резултатот беше 2:0. Вториот погодок за Вашаш беше постигнат во 45-тата минута.

Во шпанската втора лига, Алмерија со 4:2 се радуваше против Мирандес, а на полувреме резултатот беше 2:2, и тоа само по 18 минути игра. Едноставно сите мечеви кои беа одиграни на тикетот, на крајот беа добитни и беше погоден вкупен коефициент од 1.689,58.

Одлична добивка имаше и на тикет уплатен во Гевгелија, а играта која е добитна е иста како на тикетот во Неготино. Погодени се четири средби на кои домаќините требаше да постигнат 2+ погодоци во првото полувреме, а со вложени 200 денари, добивката е одлична и изнесува 66.763 денари.

- Оглас -

Најнови вести