Винисиус до противникот: Ќе ми го бараш дресот, но нема да ти го дадам…сакаш да се тепаме?

Винисиус Жуниор беше најзаслужен што играчите на Реал Мадрид нема да прават шампионски шпалир на најголемиот ривал Барселона пред почетокот на Ел Класико. Бразилскиот голгетер ги постигна двата гола на гостувањето кај Еспањол, па разликата меѓу најтрофејните два клуба во Шпанија е 11 бода на четири кола до крајот.

На последниот меч против Еспањол, Винисиус освен што ги постигна двата гола, тој беше во фокусот во текот на сите 90 минути, па камерите забележаа вербален судир против Омар Ел Хилали. Мароканецот кој настапува за Еспањол беше задолжен да ја чува бразилската ѕвезда, кој во еден момент од натпреварот му рече: „Подоцна ќе ме прашаш за мојот дрес, но нема да ти го дадам. Престани да зборуваш глупости, идиоту. Сакаш да се тепаме? Ако сакаш да играш, играј. Ќе испаднеш во Втората лига“.

Втората слична ситуација се случи пред да биде изведен прекин. Винисиус го прекори играчот на Еспањол затоа што го држел додека играта била запрена: „Чекај, топката не е во игра, а ти веќе ме држиш мене“. Мароканецот одговори: „Што сакаш да направам?“, на што Винисиус одговори: „Но, зошто мора да притискаш? Ти продолжуваш да притискаш. Јас сум смирен, брате. Не, тој е само глупав. Сака да се однесува интересно за да можат да го прикажат на телевизија“, коментираше Винисиус.

Инаку, во 24-тата минута Ел Хилали доби црвен картон за прекршок врз Винисиус, но по интервенцијата на ВАР, главниот судија ја поправи својата одлука само на жолт картон.

- Оглас -

Најнови вести