Јубилејното 33-то коло на осмата сезона на Спортска прогноза започна. Предизвикот за прогнозерите е ист, а тоа е да се обидат да ги погодат сите фиксови на понудените 13 натпревари од најсилните лиги во Европа. Оној кој ќе успее да има перфектен скор и да стигне до Среќна 13-ка ќе си заработи iPhone 16.
Возбудувањата во новото коло ќе започнат од 13:30 часот во сабота, кога се игра дербито во англиската Премиер лига меѓу Ливерпул и Челзи. Ливерпул се бори да задржи позиција која ќе им донесе пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, додека Челзи е во очајна низа од шест порази по ред.
Ако колото започнува со англиско дерби, шлагот е на крајот. Во недела од 21 часот ќе се игра шпанското Ел Класико меѓу Барселона и Реал Мадрид на „Камп ноу“. Каталонскиот гигант има голем адут, а тоа е дека доколку не загуби на свој терен, официјално ќе биде старо-нов шампион во шпанското првенство.
Меѓу двете дерби-средби во Англија и Шпанија, во понудата има уште 11 интересни пресметки на кои треба да се најде вистинскиот фикс. Прогнозирањето веќе е во тек.


