Ако сака да се бори за титулата во Англија, Ливерпул да испадне од Баерн во ЛШ

Ливерпул го загуби челното место во англиската Премиер лига и сега е во позиција да го брка Манчестер сити. Англискиот гигант речиси три децении чека трофеј во првенството, а ако сака сега да биде прекината низата, ќе мора да одигра речиси без грешка во средбите кои се до крајот на Премиер лигата.

За тоа дали Ливерпул може да го освои пехарот во англиското првенство, некогашната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Гери Невил даде интересно мислење.

„Според мене, Ливерпул треба да испадне од Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Знам дека не постои шанса да излезеш на терен и намерно да загубиш, но мислам дека ако Ливерпул испадне од Лигата на шампиони и се фокусира на првенството, ќе има поголеми шанси за трофејот во Премиер лигата. Двата бода кои ги загубија во дуелот со Евертон, може да бидат и клучни на крајот. Шансите за шампионската титула меѓу Сити и Ливерпул се 50-50“, вели Невил, кој секако не ги сака ни двата клуба, но едноставно мора да анализира за нив бидејќи „неговиот“ Манчестер јунајтед нема шанси да се бори за трофејот во првенството.

 

- Оглас -

Најнови вести