Ако сака европска слава, ПСЖ треба да го купи Де Бројне

Поранешниот тренер на Кевин де Бројне, Хајн Ванхезебрук, верува дека ако неговиот поранешен ученик премине во ПСЖ, парискиот клуб би можело да ја освои Лигата на шампионите. Ванхезебрук одлично го познава Де Бројне, му беше тренер во Генк, и смета дека ако сака титула во ЛШ, Кевин треба да замине кај Светците.

Де Бројне засега со Манчестер сити, со кого има договор до 2023, освојува трофеи само во Англија, но не и на европска сцена. Затоа, неговиот екстренер мисли дека трансфер на „Паркот на принцовите“ би го доближил до европската титула.

„Кевин во кариерата има освоено многу клупски и индивидуални награди, но нема интернационален трофеј. Нема титула во Лигата на шампионите, нема во Лигата на Европа, ниту на Светско првенство, а тие се најважни. Ако успее да земе таков трофеј, ќе биде кандидат за играч на годината. Може да освои и со Сити, но со одбраната која ја имаат, не сум сигурен. Според мене, поголеми шанси за титула во ЛШ би имал со ПСЖ. Ако игра и им ги додава неговите прецизни асистенции на Кавани, Нејмар и Мбапе, против таков тим невозможно би било да се одбраните. Таму би заработувал и повеќе пари, само не знам дали би му лежело француското првенство и колку би бил мотивиран таму против послабите тимови“, изјави Ванхезебрук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести