Ако сакаш да ја елиминираш Барса по минус три, земи го Алисон!

Во минатата сезона патот на Барселона во Лигата на шампионите заврши во четвртфиналето, кога по 4-1 на „Камп ноу“, пресамоуверени заминаа на „Олимпико“ и таму загубија со 0-3 против Рома, па „волчицата“ отиде во полуфинале. Годинава, Барса направи чекор напред, стигна до полуфиналето, имаше домашна победа од убедливи 3-0 против Ливерпул, но синоќа Лионел Меси и другарите беа декласирани со 0-4.

Ова може да значи дека Каталонците не ја научиле лекцијата од лани, повторно беа премногу сигурни дека ќе одат понатаму и дека нема да им се случи киксот од 2018. Формата во која играше Меси им ветуваше пласман во финалето, но се излажаа.

Интересно е што има еден играч, поточно голман, кој учествуваше во двете понижувања кои ги претрпе Барселона во последните 13 месеци. Алисон Бекер е човекот кој лани на голот на Рома се радуваше на големата победа, а годинава направи дури и поголем подвиг како член на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести